Кошарка
15. December 2017 - 9:42

Реал подобар од Барса во кошаркарското „Ел Класико“

Кошаркарското „Ел Класико“ во рамки на 12. коло на Евролигата му припадна на Реал Мадрид кој со 87-75 ја победи Барселона

Дуелот го одбележа кошот на Лука Дончиќ кој на крајот од третата четвртина, постигна тројка речиси преку цел терен, што предизвика одушеување меѓу присутните во салата.

 
 
Во останатите натпревари одиграни синоќа Уникаха беше подобра од Химки со 93-84, додека минимални победи забележаа Бамберг над Олимпијакос со 67-65., односно Жалгистис кој со 90-89 го победи шампионот Фенербахче на гостувањето во Истанбул.
 
 
Денеска се играат останатите четири средби од ова коло.