Loading Video...
Фудбал
8. August 2018 - 19:41

Реал подготвен за суперкупот во Талин

Европскиот првак Реал Мадрид победува и без Роналдо. Како  главна ѕвезда во тимот се промовира  Герет Бејл.

            Предводени од велшкиот интернационалец фудбалерите на Реал Мадрид ја забележаа втората победа на интерконтиненталниот куп совладувајќи ја Рома со 2-1.

            Кралскиот клуб беше подобар противник и набрзина со головите на Асенсио и Бејл поведе со 2-0.  И во продолжението Реал беше подобриот тим но не успеа да дојде до поубедлива предност што противникот знаеше да го казни со почесниот погодок што го постигна Стротман.

            Ова беше последна проверка за фудбалерите на Реал пред финалето на Суперкупот со Атлетико Мадрид што ќе се одигра на 15. Август во Талин.

            Реал го брани трофејот во суперкупот  што минатата година го освои во Скопје и тоа токму на денешен ден против Манчестер Јунајтед.