Фудбал
19. September 2017 - 14:31

Реал пак го „тресе“ Атлетико!

Младиот голман на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага, е првата цел на Реал Мадрид за наследник на Кејлор Навас, објави „Марка“. Весникот секогаш е добро запознаен со она што се случува во „кралскиот клуб“, а веста за Аризабалага ја пренесува како ексклузивна во денешното издание.
 
Костариканецот Кејлор Навас, со мал исклучок минатата сезона, брани во константно добра форма, но и тоа не му е доволно за да стекне целосна доверба во клубот.
 
Пред една и пол година во последен момент на Реал му пропадна трансферот на Давид де Хеа, потоа со клубот се поврзуваа неколку имиња, а според „Марка“, клубот уште во јануари покажал интерес за Кепа Аризабалага.
 
Голманот беше дел од шпанската репрезентација до 21 година, која во јуни го загуби финалето на Европското првенство од Германија, а минатата сезона ги делеше минутите со 14 години постариот Горга Ираизоз.
 
Аризабалага, кој за две недели ќе наполни 23 години, за Реал е интересен бидејќи неговиот договор со Атлетик истекува по завршувањето на сезоната.
 
Реал е подготвен да плати за младиот голман 65 милиони евра, само за да ги обезбеди неговите услуги пред тој да стане слободен играч. Доколку Флорентино Перез успее да го добие потписот на Аризабалага, тогаш тој ќе стане најскапиот голман во историјата на фудбалот.