Loading Video...
Фудбал
14. May 2021 - 15:48

Реал останува во игра за титулата во Ла Лига

Реал Мадрид останува во игра за шампионскиот трофеј во Ла Лига. 
 
„Кралевите“ забележаа убедлива победа на гостувањето кај Гранада со 4:1, со што останаа на два бода помалку од лидерот на табелата и градски ривал Атлетико. 
 
На две кола до крајот на првенството Атлетико има 80, а Реал 78 бодови. Теоретски во игра е и Барселона која во оваа рунда одигра само нерешено против Леванте, па каталонскиот тим сега заостанува 4 бодови зад лидерот Атлетико. 
 
Во претпоследното 37 коло закажано за во недела, Атлетико и Барселона играат на домашен терен против Осасуна и Селта Виго, додека Реал гостува во Билбао кај Атлетик.