Кошарка
11. August 2017 - 10:55

Реал најде замена за Љуљ?!

По тешката повреда на најдобриот играч на тимот Серхио Љуљ екипата на Реал Мадрид веднаш реагираше и го најави 27-годишниот Уругваец  Џејсон Гренџер како замена за искусниот кошаркар. 

Гренџер последните две сезони играше во Ефес Пилсен и е висок 189 сантиметри. Минатата сезона постигнуваше во просек по 10 поени во Евролигата.