Loading Video...
Фудбал
27. November 2019 - 10:54

Реал, Манчестер Сити и Тотенхем во осминафиналето на ЛШ

Уште три тима на коло пред крајот на групната фаза, обезбедија пласман во осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони
 
Во рамките од А групата во Мадрид Реал иако водеше со 2:0 во дуелот со ПСЖ, сепак на крајот мечот заврши без победник 2:2. Но, и освоениот бод му го обезбеди на Реал второто место, па „Кралевите“ заедно со „Принцовите“ се патници во нокаут фазата од оваа група. 
 
Во втората Б група, Тотенхем иако губеше од Олимпијакос во Лондон со 2:0, сепак европскиот вице-првак со комплетен пресврт и победа од 4:2 го завери второто место, и му се приклучи на Баерн кој во Белград ја „демолира„ Црвена Звезда со 6:0 за потврда на првата позиција. 
 
Во Ц конкуренцијата, Манчестер Сити одигра 1:1 со Шахтјор доволно да си осигура осминафинале, но по победата на Аталанта над Динамо Загреб со 2:0, сега останатите три тима се со шанси за освојување на втората позиција. Во најповолна ситуација е Шахтјор кој во последното коло ќе ја пречека Аталанта на домашен терен и тоа со бод повеќе од Динамо, односно два во однос на италијанскиот тим. 
 
Речиси идентична ќе биде и ситуацијата во Д групата во која синоќа Јувентус со 1:0 го победи Атлетико Мадрид, а Баер Леверкузен славеше на гостувањето во Москва кај Локомотив со 2:0. Така во последното коло Атлетико кој ќе го нагости Локомотив, ќе влезе со бод повеќе од Баер кој во Леверкузен ќе игра со Јувентус кој и пред оваа рунда имаше обезбедено осминафиналинале. 
 
KОМПЛЕТНИ РЕЗУЛТАТИ И ТАБЕЛИ
 
Група А: Галатасарај 1-1 Клуб Бриж и Реал Мадрид 2-2 ПСЖ
Табела: *ПСЖ 13, *Реал 8, Клуб Бриж 3, Галатасарај 2.
 
Група Б: Тотенхем 4-2 Олимпијакос и Црвена Звезда 0-6 Баерн
Табела: *Баерн 15, Тотенхем 10, Црвена Звезда 3, Олимпијакос 1. 
 
Група Ц: Манчестер Сити 1-1 Шахтјор и Аталанта 2-0 Динамо Загреб
Табела: *Манчестер Сити 11, Шахтјор 6, Динамо Загреб 5, Аталанта 4.
 
Група Д: Локомотив Москва 0-2 Баер Леверкузен и Јувентус 1-0 Атлетико
Табела: *Јувентус 13, Атлетико 7, Баер 6, Локомотив 3
 
*Обезбеден пласман во 1/8 финале