Loading Video...
Фудбал
27. May 2018 - 9:49

Реал Мадрид старо-нов шампион на Европа

Ништо ново кога во прашање е шампионскиот трофеј во елитната Лига на шампиони. Трет пат во низа и четврти во последните пет сезони трофејот во елитното натпреварување го освојува Реал Мадрид. 
 
До својата вкупно 13-та титула европски клупски првак „кралскиот тим“ стигна со победата од 3-1 над Ливерпул во финалето одиграно на „Олимпискиот стадион“ во Киев. 
 
Мечот започна со офанзива на англискиот тим, кој во 30-минута остана без својот најдобар стрелец Мохамед Салах кој поради повреда на рамото мораше да го напушти теренот. 
 
Тоа како психички да делуваше на останатите играчи на Ливерпул, особено на голманот Кариус кој со две кардинални грешни му овозможи на противникот да постигне гол. 
 
Првата се случи во 51-та минута кога Кариус несфатливо го погоди во нога Бензема, а топката заврши во празниот гол на Ливерпул. 
 
Ливерпул се врати во игра со погодокот на Мене во 55-минута. 
 
А, три минути откако влезе во игра (63) Герет Беј на ефектен начин одново му донесе предност на Реал, постигнувајќи го најубавиот гол на финалните натпревари досега. 
 
Ударот на Велшанецот во 83-минута, се чинеше дека ќе биде лесен план за голманот на Ливерпул, но Кариус одново направи голема грешка, по што беше јасно дека Реал ќе ја одбрани титулата.