Фудбал
29. October 2018 - 22:04

Реал Мадрид го отпушти Лопетеги!

Реал Мадрид донесе одлука и официјално го отпушти Јулен Лопетеги.

Беше само прашање на време пред Лопетеги да биде отпуштен од работа по катастрофалните резултати, а капката што ја прели чашата беше поразот од Барселона со резултат од 5:1 на „Камп Ноу“.

Под негово водство, Реал постигна шест победи, два нерешени и шест порази, со 21 постигнат и 20 примени гола. Сепак, во последно време Реал дејствуваше очајно, губитнички и без никаква перспектива.

Нема дополнителни информации кој ќе го наследи, но очигледно не е Антонио Конте, иако тој се наведува како кандидат за позицијата тренер на Реал Мадрид. Сантијаго Солари ќе го води тимот привремено, а потоа Реал ќе најде некој за долгорочно решение.