Loading Video...
Фудбал
17. July 2020 - 9:56

Реал Мадрид е новиот шампион на Шпанија

Екипата на Реал Мадри е новиот фудбалски владател во Шпанија. Кралевите на коло до крајот на сезоната во Ла Лига ја осигураа новата шампионска круна
 
Со победата над Виљареал тимот на Реал Мадрид ја потврди новата вкупно 34-та шампионска титла првак на Шпанија инаку прва по пауза од три години. 
 
„Кралевите“ славеа победа со 2-1 со двата гола кои ги постигна Франнцузинот, Карим Бензема, додека Ибора беше стрелец на погодокот на гостите. 
 
Но, Реал и да го загубеше овој меч, повторно ќе ја освоеше титулата. Имено „лутиор“ ривал Барселона не само што не успеја да ја победи Осасуна, туки и загуби со 2-1. 
 
По натпреварот најдобриот играч на Барселона, Лионел меси кој беше и стрелец на голот, призна дека неговиот тим не заслужил да ја освои титулата. 
 
„Овој меч беше одраз на целата сезона. Екипата е неконзистентна, играме слабо, згубивме бодови кои не смеевме. Реал го искористи тоа. Ако продолжиме вака, не само што нема да ја освоиме Лигата на шампионите, туки нема да го поминеме ниту Наполи“, заврши Меси. 
 
Инаку Меси на коло до крајот на Ла Лига има вкупно 23 постигнати голови, два повеќе од првиот стрелец на Реал, Карум Бензема.