Loading Video...
Фудбал
24. October 2020 - 18:00

Реал ја надигра и порази Барселона на „Камп Ноу“

Најголемото светско фудбалско дерби полуларното „Ел Класико“ се одигра на „Камп Ноу“, каде Реал Мадрид се радуваше на победа над Барселона со 3:1.
 
Гостите поведоа уште во 5.минута со голот на Федерико Валверде, а по убавото проигрување на Карим Бензема 
 
Само три минути подоцна (8) на спротивната страна Жорди Алба му асистираше на Ансу Фати за израмнување на 1:1 што беше и актуелен резултгат на полувремето. 
 
Во 62-та минута Пике во сопствениот шеснаесетник го повлече за дрес Рамос по што беше досудена најстрога казна за Реал, која во ново водство ја претвори капитенот.
 
Конечните 3:1 за „Кралевите“ ги постави Хрватот, Лука Модриќ во 90-тата минута. 
 
Со оваа победа и освоените три бодови Реал изби на првото место на табелата со 13 бодови, два повеќе од Сосиедад и Виљареал, додека Барселона по пет одиграни натпревари со само седум бодови е на десеттото место на табелата.