Loading Video...
Кошарка
20. April 2018 - 9:10

Реал израмни против ПАО, додека ЦСКА е на чекор до Ф4

Во кошаркарската Еврололига актуелни се дуелите од четвтвртфиналната рунда. 
 
По убедливиот пораз на првиот меч во Атина, кошаркарите на Реал Мадрид брзо се рехабилитираа и успеаја да му се реваншираат на Панатинаикос во вториот, добивајќи го со 89-82, а со тоа и го израмнија резултатот на 1-1 во победи во серијата подобар до три. 
 
Ветеранот Финиле Рејес со 18 и Шејси Керол кој постигна 17 поени беа најефикасните играчи кај Реал, додека Мајк Џејмс со 20 поени беше најефикасен кај домаќините, а воедно и на натпреварот. 
 
Сега серијата се сели во Мадрид каде следните два меча ќе се играат на 25 и 27 мај, додека евентуалната мајсторка би се играла во Атина на 1 мај. 
 
ЦСКА Москва пак ја дели уште само една победа од пласман на Фајнал-форот во Белград. Во руското дерби ЦСКА повторно во неизвесен меч беше подобра од Химки со 89-84 со што поведоа со 2-0 во победи. 
 
Серхио Родригез со дабл-дабл учинок од 26 поени и 10 асистенции беше најзабележителниот кошаркар на овој меч. 
 
Вечерва се играат вторите средби меѓу Олимпијакос – Жалгирис (0-1 победи) и Фенербахче – Басконија (1-0)