Фудбал
16. April 2021 - 11:38

Реал и Модриќ се согласија да го продолжат договорот на една година

Фудбалерот за врска Лука Модриќ ќе помине уште една сезона во Реал Мадрид. Двете страни се согласија да го продолжат договорот до летото 2022 година.

Триесет и петгодишниот играч се согласи на намалување на платата предложена од „Кралевите“.

Хрватот помина девет сезони во Реал Мадрид. За тоа време, тој одигра 383 натпревари, постигна 26 гола и оствари 61 асистенција.

Со тимот од Мадрид, Модриќ четири пати ја освои Лигата на шампионите и двапати стана шампион на Шпанија.

Во 2018 година, фудбалерот ја освои „Златната топка“.