Loading Video...
Фудбал
26. May 2018 - 11:59

Реал и Ливерпул во дуел за трофејот во ЛШ

Вечерва од 20 часот и 45 минути, на „Олимпискиот стадион“ во Киев, фудбалерите на Реал Мадрид и Ливерпул ќе го започнат финалниот меч во годинашното издание на Лигата на шампионите.
 
Реал Мадрид ќе се обиде да испише нова страна во историјата на ова натпреварување, односно трет пат во низа да го освои трофејот, на кој се има радувано досега дури во дванаесет пати.  
 
Затоа пак Ливерпул, по пауза од 11 години, повторно ќе биде во ситуација да атакува на шампионскиот трофеј, откако во 2007-тата во Атина загубија од Милан со 2-1, а две години претходно „црвените“ во финалето беа подобри токму од Милан и тоа по подоброто изведување на пенали, иако тогаш имаа и негатива од 0-3, за сепак на крајот фудбалерите на Ливерпул да обезбедат пета титула шампион на Европа. 
 
 
Досега Реал и Ливерпул одиграле пет натпревари.
 
Ливерпул има три победи наспроти двете на Реал, а Англичаните се присеќаваат на финалето против „кралскиот клуб“ во 1981 година кога во Париз славеа победа со 1:0 и ја освоија третата титула.