Фудбал
23. July 2019 - 9:52

Реал и Арсенал се договорија со Себаљос

Полудефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, ќе ја продолжи својата кариера во лондонски Арсенал, пренесе Би-Би-Си.

Двата клуба се договориле, а и самиот играч дал согласност да премине во англискиот клуб и трансферот се очекува да биде официјално објавен во следниве денови. Себаљос ќе игра како отстапен во Арсенал до крајот на сезоната.

Тој пристигна во Мадрид од Бетис летото 2017 година за 16,5 милиони евра. Минатата сезона, 22-годишниот играч зеде учество во 23 натпревари, 13 пати во стартната постава.

Неговиот договор со Реал Мадрид истекува летото 2023 година и не може да биде исклучено враќање на „Сантијаго Бернабеу“.