Фудбал
8. March 2019 - 11:49

Реал го враќа Мурињо!

Сантијаго Солари ги брои последните денови како тренер на Реал Мадрид. Според шпанските медиуми ова е епилогот од итниот состанок што претседателот Флорентино Перез го одржал со директорот Хозе Анхел Санчез и останатите соработници.

„Марка“, медиум наклонет кон Реал, извести дека Солари в недела, во Ваљадолид, последен пат ќе го води тимот, а потоа ќе му биде врачен отказ.

Останатите шпански медиуми пренесуваат дека Солари би можел да биде сменет и пред дуелот во Ваљадолид и дека веројатно Жозе Мурињо ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“, иако Португалецот рекол во овој дел сезоната не би сакал да го преземе тимот. Перез се обидел најпрвин со поранешниот тренер Зинедин Зидан кој ја одбил понудата.

По долгите и напорни состаноци, Перез го гледал кошаркарското дерби помеѓу Реал и Фенербахче. Тука имал причина за задоволство, бидејќи Реал победија 101:86.