-->
-->
Реал без Бензема и Кашемиро, Сити без Силва и Туре
-->
Во пресрет на вечерашниот реванш дуел од полуфиналето во Лигата на шампионите, тренерите на Реал Мадрид и Манчестер Сити се соочуваат со проблеми со повредите на своите играчи.
Иако, Зинедин Зидан најавува враќањето во почетниот состав на Кристијано Роналдо, кој поради повреда го пропушти првиот меч, овој пат тренерот на Реал, сигурно нема да може да смета на својот голгетер Карим Бензема и Кашемиро.
На спротивната страна Мануел Пелегрини се соочува со проблем особено со клучните играчи од средниот ред, што самиот аргентински стручњак потенцира дека преставувало најголем проблем во играна на првиот дуел. Покрај од поодамна повредениот Јаја Туре, Манчестер Сити ќе го нема ниту Давид Силва кој предвреме ја напушти играта на мечот во Манчестер.
Сепак, подготвени за настап се Де Бруин, Агуеро и Компани кои не беа дел од тимот за дуелот со Саутепмтон во Премиер лигата изминатиот викенд, а кој „граѓаните“ го загубија со 4:2.
Средбата меѓу Реал и Манчестер Сити по која ќе се знае противникот на Атлетико Мадрид во големото финале, ќе започне од 20 часот и 45 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор