Фудбал
13. December 2018 - 14:46

Реакцијата на слепиот навивач на Ливерпул по голот на Салах стана вистински хит

Со тешки маки Ливерпул се избори за осмина финале на Лигата на шампионите со победа над Наполи од 1:0 .

Италијаните ги скрши Мохамед Салах , а победата во 91 минута им ја донесе голманот Алисон Бекер , кој одбрани сигурен гол на Наполи.

Но , без оглед на играта на двата извонредни тима , натпреварот падна во сенка на социјалните мрежи по објавата на видеото со слепиот навивач на Ливерпул.

На снимката се гледа како навивачот реагира на навивањето на ,,Редсите” и ужива во натпреварот и победата на неговиот тим.

И самиот Салах уживал во атмосферата на натпреварот  во Анфилд и се огласи со објава на Инстаграм. "Wow, Anfield!" , напиша фудбалерот.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah) on