Македонија
17. November 2018 - 17:33

Реакција ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Мила Царовска

Владата на СДСМ и министерката Мила Царовска повторно ги излажаа граѓаните.

Две години поминаа откако тие се на власт во земјата, но нивото на невработеност се повеќе се зголемува. Нема капитални инвестици, нема отварање на нови работни места, а сето тоа е резултат на нивната неспособност и расипничко работење.

СДСМ не исполни ниту едно од своите ветувања, а не успеа да креира ниту една нова мерка за вработување.

Со лошите економски политики на СДСМ и воведувањето на прогресивниот данок само ќе придонесат за зголемување на стапката на невработеност и затварање на голем број фирми кои ќе остави голем број на граѓани на улица како

во времето на транзицијата.

Поради лошите политики на СДСМ и неажурноста на Царовска се повеќе млади ја напуштаат земјата.

Лошото министерување на Царовска излезе на виделина и не и поминуваат бледите изјави пред граѓаните.