Македонија
12. March 2019 - 15:12

Реакција од СДСМ на изјавата на Стоилковски од ВМРО

Колку повеќе се ближат претседателските избори, толку повеќе растат лажните вести на ВМРО – ДПМНЕ, идентитетот е заштитен и потврден.

Колку повеќе се приближуваме до престојните претседателски избори, толку повеќе ВМРО – ДПМНЕ станува очајно од поразот кој им претстои, па преку лажни вести се обидува да ја покрие својата неспособност.

Промената на имињата на дел од институциите е согласно Договорот од Преспа односно уставните измени.

Придавката македонски не се брише, тоа е една иста стара лага на ВМРО-ДПМНЕ што во отсуство на било каква идеја ја повторува во континуитет.

Се она се однесува на припадност на македонскиот народ, односно секаде каде што го има етничкиот елемент, останува придавката македонски.
 
Идентитетот не само што не е загрозен, туку е и дополнително потврден. Потврда за тоа е и личната карта во Обединетите нации, јасно е наведено: Македонски јазик, македонско за државјаснтво итн.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку лаги да манипулираат, кај граѓаните тоа не поминува.

ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски и Силјаноска нека се спремат за пораз на престојните претседателски избори.