Реакција од АД ЕСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за новоназначените директори на РЕК Битола и Осломеј
Управниот одбор на АД ЕСМ на состанокот одржан на 23 ноември донесе Одлука за назначување на вршител на должност Директор на Подружницата РЕК Битола на Пеце Матевски и вршител на должност Директор на Подружницата РЕК Осломеј на Стојан Мицоски.
До назначувањето, Пеце Матевски ја извршуваше функцијата директор на Термоелектрана, а претходно беше координатор за Електромашинско одржување и раководител на Служба за техничка сигурност. Претходно работел во приватниот сектор.Матевски е дипломиран машински инженер и магистер по менаџмент на човечки ресурси.
До назначувањето за в.д. директор на РЕК Осломеј, Стојан Мицкоски ја извршуваше функцијата технички директор на Рудници, а претходно работеше како одговорен инжинер на јагленов систем и раководител на Машинско одржување. Мицкоски е дипломиран машински инженер.
И двајцата се назначуваат на позициите в.д. директор затоа што во изминатиот период ги искажале своите работни способности во услови на кризни ситуации и услови кои бараат брзо, соодветно и стручно реагирање, и дале значаен придонес во работниот и производниот процес на РЕК Битола и РЕК Осломеј.
АД ЕСМ ги осудува обидите на опозициската партија да го прозива било кој граѓанин или државен службеник за дополнителните работни активности со кои се занимавал за дополнување на личната егзистенција, особено ако тоа било во време кога политичката структура не дозволуваше способни и професионални лица да напредуваат или да се вработат на соодветно место без да имаат соодветна партиска припадност.
Ги осудуваме и обидите на дел од порталите за правење сензационализам за приватниот живот на било кој граѓанин, кога истото не е во корелација со неговите стручни квалитети и подготовка за обавување на назначената позиција.
АД Електрани на Македонија
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица