Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по барањето на СДСМ за одговорност на Спасов
СДСМ е инфериорен кога станува збор за соочување со вистинските проблеми и грижи на граѓаните. Нема што да им понуди и затоа централната тема на 40 дена пред избори му е сообраќајна незгода со материјална штета од 150 евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешното соопштение на СДСМ во врска со дополнителниот заменик-министер Диме Спасов.
- СДСМ е свесен дека не може да му парира на ВМРО-ДПМНЕ кога се во прашање проекти, економија, намалување на невработеност. Затоа мора да измислува и фабрикува лаги и да ја манипулира јавноста, наметнувајќи теми кои пред избори треба да го оттргнат вниманието на граѓаните од понудата на партиите. СДСМ уште еднаш го покажа вистинското лице. Не го интересираат ниту фактите, ниту институционалните постапки. Фабриката за афери ќе смисли конструкција и партијата и медиумите под контрола на партијата ќе пресудат, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, додава, од СДСМ нема одговор кои се лицата кои го следеле Спасов и што е преземено против овие лица па затоа измислува лаги и конструкции без ниту еден доказ во функција на создавање конфликтност, деструкција и кризи.
- Тоа го прават само очајни луѓе кои знаат дека ги чека огромен пораз на престојните избори. Јавноста гледа дека Фабриката за афери на СДСМ повторно работи во три смени. Добро е што на 11 декември народот ќе ја стави во стечај фабриката и ќе запре ваквата деструкција на СДСМ. На народот му е веќе преку глава наместо со реални проблеми да се занимава со измислиците на Зоран Заев. СДСМ знае дека граѓаните нема да го одберат она што тие го нудат: следења, подметнувања, провокации, фабрикации и манипулации. СДСМ знае дека граѓаните уште еднаш ќе се одлучат за понудата на ВМРО-ДПМНЕ: развој, излез од кризата, нови работни места и просперитет, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево