Македонија
18. September 2017 - 20:27

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Мила Царовска

Мила Царовска и СДС во страв од претстојниот изборен пораз повторно се обидуваат да манипулираат со јавноста и со најранливите групи граѓани.

Покачување на социјалната помош беше мисловна именка во претходните мандати на СДС.

Од своето доаѓање во 2006 владата предводена од ВМРО-ДПМЕН воведе пракса за континуирано зголемување на социјална помош.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2006 година до 2016 година заради подобрување на животниот стандард, подобрување на условите за живот и намалување на социјалниот ризик на примателите на социјална парична помош ја зголеми помошта во просек за 69,8%.

Првпат владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведе еднократен отпис на долгови на граѓани кои спаѓаат во социјално загрозени категории.

Со закон се утврди право на материјално обезбедување и се обезбеди социјална сигурност на лицата кои поради приватизацијата на претпријатијата во периодот од април 2000 до декември 2013 година останаа без работа. Тие добија паричен надоместок во висина од најмалку 7.100 денари.

Постојаната парична помош од 2006 година до 2015 година во просек се зголеми за 60,5%. Во 2006 година ППП во просек изнесуваше 3.695 денари, додека во 2015 година изнесува 5.931 денари.

За заштита на лицата кои не се способни сами да се грижат за себе од 2006 година до 2015 година правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице го зголеми за 32,7%.

Паричниот надоместок за згрижување на деца без родители и родителска грижа во зависност од категоријата од 2006 година изнесуваше помеѓу 6.500 денари и 8.500 денари додека до 2015 година го зголемивме за 25% и изнесува помеѓу 8.125 денари и 10.625 денари. 
Првпат во последниве 10 години се случи да нема зголемување на социјалната помош токму поради незаинтересираноста и енспособноста на министрите во владата на СДС.

ВМРО-ДПМНЕ доколку формираше владата како што вети ќе ја зголемува социјалната помош за околу 10,6% годишно, или истата ќе биде зголемена за вкупно 50% во период од четири години.

Граѓаните ја гледаат сета деструктивност на СДС и затоа ќе ги казнат на претстојните локални избори на 15-ти октомври.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ