Македонија
11. јуни 2020 - 14:29

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Бујар Османи и Роберт Поповски

Функционерите на Зоран Заев и СДСМ на секој можен начин се обидуваат да го прикријат притисокот кон медиумите и заканите кон медиумските работници со мерки кои немаат ефект.

Медиумите кои се под контрола на Зоран Заев изминативе неколку месеци во повеќе наврати се фатени „живи“ како шират лажни вести по нарачка од СДСМ кои се во паника од претстојниот изборен пораз.

Македонија е хибриден режим, Зоран Заев е корумпиран го држи системот во заложба и врши злоупотреба на медиумите и постојани притисоци кон нив.

Заев и Спасовски вршеа директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира.

1 ТВ за која и Заев тврдеше дека е провладина беше претворена во алатка за рекет, политички притисок и изнудување на милиони евра од бизнисмени. Целата јавност слушна дека Зоран Заев знаел и за сумите и за лицата кои се рекетираат, а стоел зад финансирањето на медиумот преку кој работеа неговите соработници Катица Јанева и Боки 13.

МВР и ОЈО по наредба на Оливер Спасовски и Зоран Заев вршеа претрес во Нет Пресс само поради објава на скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал од страна на висок функционер од Владата на СДСМ. Тоа го изведоа додека медиумите протестираа пред ОЈО против притисоците врз новинарите и медиумите.

Кривичните пријави и политичкиот прогон против уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, новинарот и уредникот на Лидер, Љупчо Златев, против новинарот Горан Момировски и телевизија Алфа се јасен показател дека власта се плаши од вистината и од правдата во Република Македонија.

Овој хибриден режим заедно со СДСМ и Заев ќе паднат од власт. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја ослободи Македонија и медиумите од режимот на Заев. ВМРО ДПМНЕ се залага за слободно и независно новинарство поголеми права и поддршка за медиумските работници.