Македонија
25. October 2016 - 18:23

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Заев

СДСМ во недостиг на идеи, а во суфицит од желба за измислување и лажење поради паниката пред изборниот пораз може да најавуваат проекти кои ВМРО-ДПМНЕ веќе ги реализираше, се навеведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Заев.

- Заев и СДСМ ќе воведеле картички за бесплатен превоз, а бесплатен превоз веќе има, воведен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе воведеле бесплатен интернет, а и бесплатен интернет има, стои во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ проектите кој ги најавува СДСМ се реализирани или во фаза на реализација, и се само дел од проектите и мерките кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги презема со цел подобрување на студентскиот стандард и квалитет на живот.