Македонија
12. November 2016 - 16:05

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Заев за кандидатските листи

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на пишаната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев за кандидатските листи на Коалицијата „За подобра Македонија“.

- Голем е стравот кај Заев откако сфати дека после 11-ти декември не само што СДСМ ќе биде жестоко поразен на избори, туку и тој ќе мора да сноси и директна лична одговорност за се што и направи на Република Македонија. Нема веќе криење за Заев од директно соочување со Никола Груевски, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека СДСМ во изминатиот период правела се за да не се појави на избори и да ја држи земјата во состојба на агонија и криза. 

- Доаѓа денот кога граѓаните ќе си дојдат по своето и ќе им кажат не, на деструктивните и антимакедонски политики на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција.