Македонија
27. July 2016 - 21:40

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Шекеринска

СДСМ во преговорите инсистираше во МТВ тие да предложат свое кадровско решение и ниту една манипулација на Радмила Шекеринска не може да го промени тоа, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на потпретседателката на СДСМ.

- СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев може да глумат загриженост за независноста на медиумите, но тие се единствената партија која бараше санкции за искажано мислење и став на новинарите и која инсистираше уредникот на информативната редакција на МТВ да биде нивно кадровско решение, стои во реакцијата.

Никакви консултации со невладините организации под контрола на СДСМ/Сорос, се вели во реакцијата, нема да ја сменат реалноста.

- СДСМ/Сорос немаат никакви аргументи зошто треба да биде сменет актуелниот уредник и зошто треба да биде предложено некое партиско решение, освен потребата на аболицираниот криминалец Заев да се обиде да инсталира послушници и во медиумите кои не му се под контрола, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Граѓаните, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, веќе ги прочитаа сите лаги и манипулации на Заев и СДСМ.

- На граѓаните на Република Македонија им е доста од играриите на СДСМ и одржувањето на состојбата на криза во земјата, поради неспособноста преку програма, идеи и проекти да ја добијат довербата од народот. Казната за ваквото однесување на СДСМ доаѓа на наредните избори, стои во реакцијата.