Македонија
5. November 2016 - 20:04

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Мирчевски

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение попладнево реагираше на изјавата на Пеце Мирчевски од СДСМ во која тој обвини дека власта треба да ја превземе вината за затворањето на Југохром.

- Коалиционите партнери на СДСМ минатата година поднесоа кривична пријава против „Југохром“ и бараа негово затворање. Врв на срамот е што денес истиот СДСМ се обидува да се испере од одговорноста за своите постапки и медиумските хајки против „Југохром“ со кои бараше негово затворање, се истакнува во соопштението.

Според владејачката партија, денешниот обид на СДСМ да се амнестираат од срамните постапки, нарачани кривични пријави и медиумски хајки во функција на затворањето на „Југохром“ не само што не им проаѓаат кај граѓаните, туку и го будат револтот од, како што истакнуваат, лицемерието на пертијата.