Бизнис
22. March 2019 - 19:46

Реакција на Општина Центар: Приоритет се потребите на граѓаните

На пресот на комората на градежници регаира општина Центар, приоритет во работењето на Општина Центар се потребите на граѓаните, кои јасно укажаа дека во Центар се неоходни похумани услови за живеење.

Токму затоа, Советот на Општината, согласно своите ингеренции, донесе одлука за стопирање на градбите предвидени во детално урбанистичките планови кои не се усогласени со генералниот урбанистички планна Скопје (2012-2020). 

Мораториумот беше единствен начин да се избришат од државно земјиште хотели, станбени единици, висококатници и деловни објекти со големи габарити, а на овие места сега се предвидени зеленило и паркови, стои во реакцијата на Oпштината.