Реакција на хематологија по смртта на Тоше Илиевски
ЈЗУ Клиника за хематологија-Скопје изразува најдлабоко сочувство до семејството на Тоше Илиевски за огромната загуба.
Го разбираме интересот на јавноста за изгубениот млад човечки живот, но истовремено апелираме до сите да ја почитуваме неизмерната тага на неговите најблиски.
Единствено што во овој момент можеме да го соопштиме е дека во конкретниот случај се работеше за пациент заболен од Т- лимфобластен Не-ходгкинов лимфом, кој за жал не реагираше на терапијата предвидена со стандрадниот медицинскиот протокол, која се применува како во Македонија така и во сите останати европски и светски хематолошки центри.
Најодговорно тврдиме дека стручно-медицинскиот персонал е секогаш на висината на работните обврски и целосно посветен на згрижување и лекување на пациентите.
За жал, медицината се уште нема соодветен одговор во одредени случаи на лекување на овој вид болести.
Ново на Сител
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година