Македонија
1. August 2020 - 17:46

Реакција на генералниот секретар на Илинденскиот марш за инцидентот кај Гумење

Настанатата тепачка, ноќеска во Крушево на местото викано Гумење предизвика остри реакции од јавноста и општина Крушево. Во демант на информациите кои ги добија медиумите се произнесе генералниот секретар на овогодинешниот Илинденски марш Гоце Трпковски.

- Најостро ги демантираме лагите и клеветите коишто беа искажани од некои портали и од градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски дека членови на Илинденската коњаница односно Илинденскиот марш од Горно Лисиче изнудиле или предизвикале тепачка на местото Гумење во Крушево, изјави за Сител генералниот секретар на коњаницата Гоце Трпковски.

- Коњаницата поминува 5 дена на коњи за да дојде до градот Крушево и да оддаде почит кон паднатите комити илинденци, почит на Крушевската Република и почит кон македонскиот народ и никогаш и никого не поддржуваме во насилие и бараме јавно извинување од градоначалникот на Крушево и сите портали кои ја обвинија Илинденската коњаница. 

Имено, ноќеска малолетно дете од Скопје во придружба на неговата другарка бил нападнат од 40-годишен крушевчанец кој бил во алкохолизирана состојба. Случајни минувачи и тројца од коњаницата излегле во пресрет на заштита на малолетникот од Скопје при што интервенирала и полицијата, додаде генералениот секретар на коњаницата Гоце Трпковски.

Од мое лично име и од името на Илинденскиот марш им го честитаме празникот на сите граѓани на Република Македонија.