Loading Video...
Македонија
1. July 2018 - 16:21

Реакција на дел од пратениците од власта кои доаѓаат од Шарената револуција

„Оги беше еден од најактивните борци против режимот. Неговото кафуле ни беше прибежиште на сите, беше местото каде знаевме дека сме безбедни. ВМРО постојано го таргетираше со инспекции и често пати го казнуваше, ама ни ВМРО не се дрзна да го уапси, а ние го сторивме тоа. Срамота“, напиша Павле Богоевски на неговиот профил на „Фејсбук“.
Повод за емотивната реакција на пратениикот од власта, Павле Богоевски е синоќешната полициска рација во скопските локали и апсењето на сопственикот на кафилето „Сектор 909“, Огнен Узуновски –Ози.

„Манифестацијата на сила беше едно од основните обележја на режимот. Но, веќе подолго време во скопските клубови се спроведуваат некакви акции, рации од страна на полицијата и инспекциите. Начинот на кој се прави тоа секогаш е со големо полициско присуство, во текот на работното време на клубовите и на начин на кој се попречува нивното работење. Но, најлошо од сè, на начин на кој јасно се манифестира полициската сила. Тоа уште повеќе ја урнисува, и онака малата и кревка доверба на граѓаните во полицијата“, напиша на на ФБ Богоевски.