Македонија
28. јуни 2019 - 16:17

Реакциите на јавноста го принудија Филипче да ретерира за промена на полот на товар на ФЗО

Министерството за здравство се пишмани – промена на пол нема да биде на државна сметка во јавни здравствени установи со пари од Фондот за здравствено осигурување. Филипче се повлече од изјавата дадена вчера по бурните реакции во јавноста дека не може да се даваат пари за луксуз а болни деца да чекаат за лекување во странство.

-Имаше многу реакции во јавноста и тоа беше причината зошто ретериравме, но да објаснам не станува збор за којзнае колку лица, тоа е еден човек кој сдо години талка низ системот  и има потреба од повеќе специјалности, но имаше многу рекации и ние сме демократи и ги прифаќаме, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Нема да оперира промена на пол, но српскиот хирург сепак ќе доаѓа на Детска хирургија за вродени аномалии кај деца.

-Голем број деца за овие интеррвенции ги праќавме во странстгво, сега ќе доаѓа кај нас и овде ќе ги прави овие интервенции кај децата, вели Филипче.

И додека сите критики беа насочени кон првиот човек во здравството дека наместо за суштински работи ќе троши пари за интервенции за промена на пол, немаше реакција од ниту една невладина организација или здружение кои постојано зборуваа за загрозување на правата на маргинализираните групи. Некои од нив и не биле запознаени со темата.

-Прашајте стручни групи кои знаат за тоа, јас не сум запознаена и не знам да ви кажам, вели Елизабета Божиновска од ХЕРА.

Од градоначалници, пејачи, глумци, политичари – социјалните мрежи беа преполни со коментари дека е недозволиво да има промена на пол на државна сметка и тоа во услови кога родители бараат 10 000 евра за нивното дете да биде спасено со операција во Турција и да може да оди на училиште, или, пак, друг пациент кој има потреба од лекување во Русија.

Критики за изјавата на Филипче имаше и од валста и од опозицијата –

Прави со сопствениот живот што сакаш, сакај и менувај пол, лична одлука, но не на државна а уште помалку на моја сметка!, напиша на фејсбук првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски.

 Правото на живот е поголемо и поважно од се друго. Промена на полот, не со пари на граѓаните, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Ниту еден ден не опстои идејата полот да се менува на државна сметка.