Македонија
18. јуни 2018 - 17:02

Реакции во Грција на потпишаниот договор за името

Тие превземаат ризик затоа што ни веруваат, вака грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас ги коменнтира чекорите кои ги превзема власта во Скопје за реализација на договорот со Грција, во интервју за  радиото Алфа. Коѕијас претходно коментирајки ги протести во Грција ооцени дека грчкиот народ ги крши стереотипите, зато што од претести на кои имало милион сега протестирале само четири илјади.

- Оваа седмица земјата, Северна Македонија, ќе го ратификува договорот, потоа ќе се одржи референдум, ќе го смени Уставот и потоа ние ќе го ратификуваме договорот. Преземаат ризик бидејќи ни веруваат дека она што го кажуваме, тоа го мислиме, вели Косијас.

Коѕијас оценува дека Нова Демократија функционира како огранок на ВМРО – ДПМНЕ во Атина. Од опозициската партија пак вчерашниот го оценија како тажен ден за Грција. Коментирајки ги постапките на Ципрас кој се предомисли за референдумот од 2015 сега се прашуваат дали истото ќе се случи и со договорот со Скопје.

- Вчера тој потпиша штетен договор за нацијата со Скопје не грижејки се за чуствата на Грците. Способен е за три години од сега да ни каже дека жали и за ова. Колку долго ние ке плаќаме за неговите грешки, вели Мариа Спираки, портпарол на НД.

Грчката полиција пак го приведе веќе исклучениот член на Златна Зора, поратеникот  Константинос Барабарусис кој во петокот во грчкиот парламент повика на воен удар врз владата на Ципрас. И при транспоротот по извршениот распит тој пред камерите продолжи со повиците дека Македонија е Грчка.

Во интервју за бугарската телевизија НОВА, шефицата на бугарската дипломатија порачува дека часовникот отчукува и има можност за напредок на Македонија.

- На состанокот на Советот ќе се расправа за темата проширување. Ако Советот даде зелено светло, решението може да биде потврдено на состанокот на Европскиот совет на 29 и 30 јуни, рече Захариева во интервју за бугарската Нова ТВ.

За потпишаниот договор во Преспа пишуваат сите светски медиуми, оценувајки го како историски.