Македонија
14. November 2018 - 17:13

Реакции во ЕУ и во Унгарија за барањето азил од страна на Груевски

.Европратениците еден по еден го прозиваат унгарскиот премиер за  слулчајот со Грувески повикувајки го да ги следи европските право и  принципи .

 Кнут Флекенштајн, известувачот за македонија во ЕП не верува дека  Орбан ќе му даде азил на поранешниот премиер во бегство.

-Тешко ми е да замислам дека унгарската влада ќе му додели азил на поранешниот премиер Никола Груевски. Прво, затоа што Груевски може да биде сигурен дека ќе добие правично судење во Скопје, а второ, секогаш мислев дека Орбан не прифаќа баратели на азил во неговата земја, порача европратеникот.

Неговата холандска колешка Џудит Саргентини  е скептична дали  унгарските власти ќе го тертираат Груесвки како секој друг барател на ази во низната земја. На твитер таа напиша

„Следното прашање е: дали унгарските власти ќе се придржуваат до своите правила и ќе го испратат Груевски да аплицра за азил од прифатниот центар или ќе го отфрлат неговото барање бидејќи избегал – според нив – од безбедна земја? Или ништо ова од погоре?!“

Пратеникот Вајгл смета дека бегството на поранешниот премиер не би требало непосредно да  влијае врз евратлансткиот пат на земјарта

– На други места се одлучува за тоа, пред сѐ во собранието со активниот однос кон договорот со Грција, и за тоа одлучуваат на индивудално ниво и пратениците во собрание кои мораат да знаат дкеа во прашање е иднината на нивната земја и дека не е време за тактички приоритети.

Случајот Груевски крена прашинба и на унгарската политочка сцена . Европратеник од партијата на Зелените, Бенедек Јавор, воинтервју за МИА порача дека Орбан ќе се најде во комплицирана ситуација, бидејки  Според унгарските домашни закони и европските нема начин да му се даде политички азил .

Тоа е делумно затоа што Македонија за Унгарија важи за безбедна трета земја, бегалците кои пристигнуваат од Македонија треба да бидат вратени во Македонија бидејќи се смета за безбедна земја. Што исто така значи дека нема начин македонските граѓани не можат да се сметаат за политички бегалци и да им се даде азил, вели Јавор.

И опозицијата во Србија денеска го запраша претеседателот Вучиќ дали БИА е вмешана во тајното бегство на поранешниот македонски премиер и дали е встина дека тој незаконски наредил негово спроведување низ Србија