Свет
17. January 2017 - 20:20

Реакции на Јункер и Туск по говорот на Меј за брегзит

Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер ќе има телефонски разговор денеска со британскиот премиер Тереза Меј која ја претстави долгоочекуваната стратегија за Брегзит. Неговиот портпарол изјави дека Јункер бил информиран за денешниот говор на Меј и подоцна ќе остварат телефонски разговор. 

- Тажен процес, надреалистични времиња, но сепак пореален исказ за брегзит, напиша на Твитер претседателот на ЕС, Доналд Туск.

Тој додава дека останатите членки на ЕУ се единствени и подготвени за преговори откако Британија ќе побара активирање на Членот 50 од Лисабонскиот договор.