Живот
1. November 2016 - 17:31

Разврат на свадба: Гостите ја соблекуваа невестата и бараа стриптиз од неа, а кога стигнаа до долната облека ...

Неодамна објавена видео снимка на Јутуб покажува невеста и младоженец во Кина кои се нашле во многу незгодна ситуација.

Додека седеле на кревет група млади луѓе пробале да и го соблечат фустанот на невестата и ја терале да изведе стриптиз. Во тоа биле и груби и дирекни, а кога стигнале до хулахопките со боја на кожа пробале насилно да и ги скинат.

Таа пробувала да се покрие со јорган, а на младоженецот не му било пријатно. Ги молел гостите да прекинат додека и тој самиот ја покривал.

Снимката ја виделе повеќе од 500 илјади корисници и на тоа имале многу негативни коментари. Еден корисник напишал „свадбените игри како овие ме оставаат без текст“, додека друг искоментирал „какви се овие пријатели? И зарем малдоженецот не се навредува затоа што пробуваат да му ја соблечат жената?“