Развојната Банка потпиша договори со шест банки со што се вклучија во кредитно-гарантната шема
Развојна банка на Република Северна Македонија потпиша договори за издавање портфолио гаранција од Гарантен фонд со шест банки со што се вклучија во кредитно-гарантната шема. Со ова, од Гарантниот фонд се ставија на располагање 15 милиони евра во гаранции кон банките и штедилниците, со цел поддршка на кредитирањето на микро, мали и средни фирми.
Од Развојната банка на Северна Македонија, соопштија дека до денес има издадено портфолио гаранции кон Стопанска банка АД Битола, УНИ банка АД Скопје, Централка Кооперативна банка АД Скопје, Капитал банка АД Скопје, Халкбанк АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје, а очекуваат листата на банки и штедилници кои се дел од гарантната шема да се шири и понатаму.
-Под портфолио гаранција, банка или штедилница, може да стават кредити дадени на микро, мали и средни фирми во доминантна приватна сопственост за основни или обртни средства. Кредитите кои може да бидат ставени под портфолио гаранција треба да бидат со максимален износ до 30.750.000 денари и рок на отплата до три години за кредити за обртни средства, односно до осум години за кредити за основни средства, информираат од Развојната банка.
Кредитно-гарантната шема е дел од економските сетови на мерки донесени од Владата на Република Северна Македонија заради справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата, и е дел од Планот за забрзан раст и развој на Владата. Со дополнување на Законот за Развојна банка на Северна Македонија, во рамките на истата, се формираше Гарантен фонд како посебна организациона единица. За Гарантниот фонд иницијално се одвоени средства во износ од 10 милиони евра со кои може да се гарантираат кредити во вкупен износ до 100 милиони евра.
Преку Гарантниот фонд се реализираат два производи (1) портфолио гаранции кон банки и штедилници, за поддршка на кредитирањето на микро, мали и средни трговци и (2) индивидуални гаранции за големи трговци кои вршат извоз, за кои големите компании може да се обратат директно до Развојна банка на Северна Македонија.
Банките кои се вклучени во кредитно-гарантната шема се објавени на веб страницата на РБСМ, Производи – Гаранции – Портфолио гаранции.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право