Бизнис
2. January 2019 - 12:17

Развој на зимскиот туризам во Охрид за да се полни со гости преку целата година

Потребен е развој на зимскиот туризам за Охрид да може да живее преку целата година.

Со збогатена програма за празниците се докажа дека е можно капацитетите во главниот туристички центар  да се полни и вон сезона.

Но туристичките работници велат дека за развој во овој период потребни се спа центри и скијачки терени а тоа градот го нема тие  сметаат дека неопходна е долгорочна стратегија на целото крајбрежје.

Охрид како дестинација за зимски туризам сеуште не е развиена ,како клучен проблем се посочува и инфраструктурата која е во лоша состојба.

Туризмот бележи големи промени во однос на потребите и барањата на гостите, затоа е неопходно понудата на Охрид како туристички центар да се прилагодат кон барањата со цел да се продолжи туристичката сезона сметаат експертите по туризам.