Џет-Сет
18. јуни 2017 - 19:36

Развод на естрадата: Сопругата го напушти Аца Лукас и со ќерката ја напушти земјата

Во последно време во српските медиуми се шпекулира дека бракот на популарниот пејач Аца Лукас е на стаклени нозе, и дека само прашање е денот кога тој ќе се разведе од својата сопруга Соња.

Дополнителен сомнеж буди и тоа што Соња вчера, во раните утрински часови отпатувала со ќерка си на море, а Аца останал во Белград. Како што пишува Свет, Соња не може да издржи со пејачот ниту ден повеќе.

Инаку, Лукас и Соња веќе некое време не објауваваат заеднички фотографии на социјалните мрежи, а не се појавуваат заедни ниту во јавноста.