Балкан
18. May 2017 - 13:47

Разузнавачката агенција на БиХ предупреди дека се подготвува атентат на министерот за безбедност

Разузнавачката агенција на Босна и Херцеговина (ОСА) испратила соопштение до своите полициски агенции, во кое се вели дека се подготвува атентат врз министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ, јави Танјуг.

Мектиќ потврди дека е запознаен со тоа. Повикувајќи се на свои извори, сараевскиот портал „Журнал“ објави дека криминални групи од Босна и регионот подготват убиството на Мектиќ.

Раководителите на агенциите за безбедност во земјата веќе презеле одредени мерки за зголемување на обезбедувањето на Мектиќ.