Балкан
18. July 2015 - 16:41

Разузнавачи: Џихадистите планираат терористички напади во Србија и Црна Гора овој викенд!?

Џихадисти планираат терористички напади на Во Србија и Црна Гора за викендов. Според разузнавачките информации кои ги објави српскиот весник “Информер“, за најголемиот исламски празник Рамазан, келиите на ИСИС сакаат да го кренат Балканот на нозе.

Трговски центри и автобуски станици во главните градови, Цркви и Манастири, Фестивали и туристички места, се метите за терористички напади за “крвавиот Рамазан“ кој го планираат џихадистите, брифираат српски разузнавачи за “Информер“.

Си денс фестивалот во Будва, кој е продолжение на Егзит, според разузнавачите е најочекуваната мета, затоа што таму се собани десетици илјади млади луѓе, а џихадистите сакаат крвопролевање на вакви места кои го отсликуваат современиот западен стил на живот.

Од друга страна, дел од безбедносните експерти сметаат дека главната цел на исламистите е да шират страв.

– Џихадистите со овие напади сакаат да го исплашат народот и затоа бираат јавни места за своите крвави походи. Но исто така треба да се знае дека често повисоката цел им е да се пишува и зборува дека ќе нападнат, затоа што така сеат страв помеѓу луѓето, смета криминологот Златко Николиќ.

За сега нема информации дека Македонија би можела да биде мета на “Крвавиот Рамазан“, но според српските разузнавачи, кога станува збор за ИСИС – службите не смеат да бидат изненадени.