Македонија
28. December 2020 - 14:49

Разрешен Шпат Касапи, советникот на Груби кај кој беше пронајден кокаин

Пејачот Шпат Касапи е отпуштен од функцијата советник на првиот вицепремиер Артан Груби.

Касапи, кој е познат пејач, е син на прaтeничката, Ѓилемсер Касапи и пред еден месец, како што објавија тогаш некои медиуми, бил фатен со пакетчиња кокаин во населбата Ѓорче Петров во близина на „СП-планет“. Тој тогаш бил приведен.

Тој ги негираше сите обвинувања, велејќи дека тие се само клевета.