Балкан
25. September 2017 - 22:02

Разоткриена: Ова е девојката на српската премиерка Ана Брнабиќ, во врска се 8 години

Премиерката на Србија осум години е во врска со докторка, постојано вработена во Клиничкиот центар на Србија, дознава српски Курир.

Весникот донесува детали за тоа која е Милица Ѓурѓиќ, докторка која веќе осум години е во стабилна врска со српската премиерка Ана Брнабиќ, како тие се запознале но и што се променило во нивната врска откако Ана е на чело на српската влада и како ќе изгледа нивниот живот по преселувањето во луксузната вила на Дедиње.