Разоткриен ужас во училиште: Тинејџерка (15) повеќе пати групно ја силувале и врсници и наставници
Неименувано 15-годишно девојче, ученичка во едно училиште на северот од Индија пријавило во полицијата дека ја силувале и учителите и врсниците во училиштето. Како што рекла, ја силувале 16 другари и тројца наставници.
Работата да биде полоша, нејзините врсници кои се обвинети за сексуално злоставување, истакнале дека првпат ја силувале, а секој нареден пат „соработувала“ за време на сексот.
Ануј Кумар, инспектор во областа Бихар, истакнал дека девојчето на почетокот ја силувале три до четири деца, а секој нареден пат им се придружувале останатите врсници, а потоа и наставниците.
Од полицијата истакнуваат дека се уапсени четири момчиња и двајца наставници и дека е покрената постапка. Тие на сослушувањето признале дека првиот пат ја принудиле на секс, а секој нареден пат „соработувала“ односно не се бранела.
Силувањата, за жал, се редовна појава во индиското општество, а власта неуспешно се бори со тоа. Владата во април донесе закон со кој на силувачите им се одредува смртна казна, но тоа изледа не функционира во пракса.
Статистиката покажува дека дневно во Индија има околу 100 сексуални напади.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица