Разорно невреме го зафаќа Балканот: Невреме се движи кон Македонија
Опасни метеоролошки појави , силни врнежи, грмежи, оркански ветер и силен град го зафаќаат Балканот а најпогодени ќе бидат Хрватска, Босна и Херцеговина како и Србија и тоа уште во следните часови а невремето кај нас ќе пристигне уште утре попладне кога локално ќе биде нестабилно со пороејни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, соопштува метеорологот Славчо Поповски.
Локално поради многу загреаната атмосфера ќе има појава на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни грмежи, силен ветер како и појава на град. Невремето ќе продолжи и во деновите од следната недела кога се можни и локални поплавувања. Исто така опасност од поплави во следните часови како и утре има и во регионот односно во соседна Србија, Босна и Хрватска.
Исто така ова страшно невреме локално може да услови и град од значително поголема величина и истиот може да услови доста штети. Граѓаните се предупредуваат во случај на силни грмежи и громови во никој случај да не излегуваат од своите денови и да ги исклучуваат домашните апарати во случај на појава на големо невреме.
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење