Македонија
19. јуни 2020 - 15:00

Разликата е јасна, СДСМ враќа пари назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ граба пари од граѓаните

Денеска од мојот роден град Струмица сакам да испратам неколку важни пораки до граѓаните.

Многу е важно граѓаните да излезат на изборите на 15 јули кои ќе бидат 100% здравствено безбедни и да го дадат својот глас кој ќе биде пресуден по кој пат пат нашата земја ќе продолжи да оди.

По правиот пат на сигурноста и безбедноста што го трасира СДСМ или по патот на неизвесноста, режимот, поделбите и стравот што ги остави зад себе ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е одговорна власт која изминативе две и пол години преку издржани економски политики насочи милиони евра пари назад кај граѓаните. Преку сет на мерки, како што со МОЈ ДДВ, зелената нафта, субвенциите, евтината тарифа на струја, повисоката социјална помош за 300%, зголемувањето на минималната и просечната плата и многу други мерки граѓаните за овие две години имаа повисоки семејни буџети и можеа да генерираат заштеди. Само преку МОЈ ДДВ за 9 месеци се вратени 10.7 милиони евра кај граѓаните. Го дигнавме животниот стандард и граѓаните тоа директно го почувствуваа.  

За разлика од овој одговорен пристап на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ преку своето 11 годишно криминално владеење само грабаше пари од граѓаните по разни основи и истите преку своите криминални шеми ги изнесуваше надвор од државата. Според последните пишувања во медиумите, Груевски успеал да украде над 10 милијарди евра пари на граѓаните и истите да ги изнесе од државата.

Најголемиот успех на Мицковски, по диктат на Груевски е покачувањето на струјата за 100% и укинувањето на евтината тарифа на струјата кое се случи во 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ и одговорната Влада што ја предводи меѓу првите мерки што ги спроведе беше токму враќањето на евтината тарифа на струјата, со што 11 милиони евра пари останаа кај граѓаните.

Разликата е јасна, тие грабаат од граѓаните, ние враќаме пари кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ нема образ пред граѓаните да зборува за повисоки плати. ВМРО-ДПМНЕ потроши 250 милиони евра народни пари за роудшоуа по светот и маркетинг за да ги промовира нашите вредни работници како евтина работна сила за минимална плата од само 9.000 денари.

СДСМ како власт која работи во интерес на граѓаните веднаш ја зголеми минималната плата на 12.000 денари, за уште еднаш да ја зголеми истата на 14.500 денари.

И додека ВМРО ДПМНЕ дозволуваше дискриминација на работниците од кожарската и текстилна индустрија да земаат и пониска плата од минималната плата од 9.000 денари, СДСМ веднаш ја исправи оваа долгогодишна неправда и денеска текстилните работници земаат плата на исто ниво како и сите останати кои работат за минимална плата.

Разликите помеѓу двете политички опции се огромни и затоа ВМРО-ДПМНЕ се обидува безобразно да ги лаже граѓаните и да пласира лажни вести.

ЛАГА е тврдењето на ВМРО ДПМНЕ дека 140.000 граѓани ги изгубиле работните места, ВИСТИНАТА е дека до овој момент 12.000 работни места се изгубени.

ЛАГА беше тврдењето на Мицковски дека во државата има само 100 теста, ВИСТИНАТА е дека се направени околу 47.000 тестови.

Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ со лаги, измислици, без програма и без желба да се работи во интерес на граѓаните ќе ги изгуби изборите на 15 јули.

Вистината е дека нашата земја продолжува по правиот пат со голема победа на 15 јули на СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ!