Различни информации за нуклеарните разговори меѓу САД и Северна Кореја
Откако севернокорејскиот преговарач објави дека се прекинати нуклеарните преговори на работно ниво меѓу Северна Кореја и САД во Стокхолм, Стејт департментот соопшти дека двете делегации имале „добри разговори“.
Портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус, во соопштение наведе дека претходните коментари на делегацијата на Северна Кореја „не биле одраз на содржината или духот на разговорите кои траеле осум и пол часа“.
Стејт департментот наведува дека на крајот од разговорите, САД предложиле да се прифати поканата на шведскиот домаќин за одржување нова средба во Стокхолм за две недели, со цел да продолжат дискусиите за сите теми.
САД, како што се истакнува, ја прифатиле поканата.
Главниот преговарач на Северна Кореја Ким Мјонг Гил претходно изјави дека вчерашните нуклеарни преговори на работно ниво меѓу Северна Кореја и САД се прекинати.
Ново на Сител
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд, грмежи и ветер
-
ПП-Демократска Бугарија го доби мандатот за формирање влада и веднаш го врати нереализиран
-
Пожар на дел од куќа во Кавадарци
-
Еден отстранет и дисциплинска за петмина полицајци за инцидентот пред тетовската болница