Македонија
10. јуни 2019 - 13:15

„Разиграно Кратово” по повод Денот на културата

 По повод Денот на културата, 10 јуни, на платото пред Домот на културата во Кратово синоќа се одржа традиционалниот фестивал „Разиграно Кратово”. Оваа манифестација е во организација на Културно-уметничкото друштво „Ефрем Каранов” и Домот на култура „Лазар Софијанов”- Кратово.
 
-Пред бројна публика на манифестацијата настапија повеќе фолклорни друштва: КУД „8 Октомври” , Крива Паланка, КУД „Младост”, Нова Пазова, Србија,  Ансамбл за народни игри и песни „Фолклорни бисери”, Скопје, Фолклорен ансамбл „Гоце Делчев”- Битола, ФА „Јанко Глигоров”, Свети Николе, КУД „Новаци” и домаќините од КУД „Ефрем Каранов”, Кратово. Манифестацијата започна со дефиле на сите учесници во центарот на градот, а неизоставен дел од настанот се мекиците, кои специјално за учесниците и гостите ги подготвија кратовски домаќинки на местото на настанот, изјави одговорното лице за комуникација со јавност при општина Кратово, Јасмина Давитковска.