Свет
3. May 2019 - 21:07

Разговараа Путин и Трамп: Зборувале повеќе од еден час, а еве која била темата

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп денеска разговараа за можноста за склучување нов нуклеарен договор во кој би учествувале Русија, САД и Кина, објави Белата куќа.

Во телефонскиот разговор кој го иницирал Трамп, станало збор и за прашањето за извештајот на американскиот специјален обвинител Роберт Милер за наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година, пишува Спутник.
        
Според портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, темата на разговорите на двајцата лидери биле и ситуацијата во Северна Кореја и во Венецуела.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека разговорот меѓу Путин и Трамп траел речиси час и половина.