Македонија
26. January 2020 - 16:42

Разголени фотографии од малолетници се шират на социјалната мрежа ,,Телеграм‘‘

На социјалната мрежа “Телеграм” во скандалозна група наречена “Јавна соба” се објавуваат интимни фотографии од малолетни девојчиња од земјава. Се споделуваат порнографски содржини и се пишуваат вулгарни коментари, се бараат контакти од малолетнички, а се спомнуваат конкретни имиња и презимиња и од каде се девојчињата некои на 12 и 13 годишна возраст. За кратко време групата достигнува над 7.300 членови, се претпоставува дека дел се возрасни со лажни идентитети. Има и модератор. Ова ги вознемири родителите и професорите кои први алармираа институциите веднаш да реагираат за да се спречи злоупотребата на децата.

Од МВР велат дека презеле мерки групата да се отстрани.

-Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и активности за расчитување на случајот. Секторот за компјутерски криминал и форензика веднаш контактира со мрежата „Телеграм“, со цел добивање на потребните податоци околу функционирањето на оваа група и воедно го известивме за содржинте што се објавени, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Од Меѓаши уште во петокот пријавиле во полиција по добиените сознанија за скандалозната група. Тие ги повикуваат родителите да посветат повеќе внимание на своите деца, за да не бидат жртви на интернет насилство.

-Драги Змијанац од првата детска амбасада Меѓаши.

Од министерството за труд и социјална политика ги повикаа родителите чии деца биле злоупотребени во вулгарната група да се обратат за помош во Центрите за социјална работа.

-Информацијата ја добивме синоќа и ведаш со Минстерството за внатрешни работи и МОН се искоординиравме. МВР постапува во делот на истрагата. Јас синоќа упатив апел и сега аплеирам до сите родители чии што девојчиња биле изложени на таква содржина во таа група да се обратат до центарите за социјални работи, каде нашите тимови стојат на располагање за психолошка помош, поддршка и советување, рече Санела Шкријељ, дополнителен заменик министер во труд и социјала.

Пред еден месец во група на Фејсбук ученици пак постираа видеа како демолираат училишен инвентар.